Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

(Видео) Повредени 17 лица во судир на два воза во Италија

/

пред 1052 дена

Сподели преку :

Седумнаесет лица се повредени, од кои најголем дел полесно, во судир на два воза во близина на италијанскиот град Фаензе, јави агенцијата АНСА.

Несреќата се случила доцна синоќа на делот од пругата меѓу Болоња и Римини, во северниот италијански регион Емилија-Ромања.

Причината за судирот првично беше нејасна. Според првичната реконструкција на настанот, двата воза се движеле во правец на север, пришто едниот со задниот дел удрил во другиот.