Пожар избувна во палатата во Версај, Франција, поради што луѓето беа евакуирани од местото, пренесоа британските медиуми.
„Ситуацијата е под контрола“, се вели во официјалното соопштение.
Дворецот, изграден во 17-от век за кралот Луј XIV, беше главна кралска резиденција до Француската револуција и укинување на монархијата во 1789 година.
„Пожарникарите пристигнаа. Повеќе нема ниту оган, ниту чад, а збирката не е оштетена“, изјави портпаролот.
Тој додаде дека пожарот избувнал во делот на покривот, каде во тек била реставрација.
Секоја година над седум милиони луѓе го посетуваат дворецот. Во август оваа година во него ќе се одржат коњички натпревари во рамки на Летните Олимписки игри во Париз.
Le Château de Versailles.
Si symbolique en feu 🤔 pic.twitter.com/KF261T0MUE— Christine KELLY (@christine_kelly) June 11, 2024











