Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

(Видео) Пожарникари се степаа со полицајци додека протестираа за подобри услови за работа во Шпанија

/

пред 1076 дена

Сподели преку :

Во конфликтот меѓу регионалните пожарникари од Галиција и локалната полиција во градот Оренсе во Шпанија, повредени се неколку лица од кои едно потешко, односно со скршеници на лицето и носот.

Физичката пресметка беше кулминација на протестите на пожарникарите кои, според полициски извори, се обиделе да влезат во зградата на Покраинскиот совет. За време на протестот, пожарникарите фрлале различни предмети и пиротехнички средства кон полицијата, по што полицијата одговорила со брутална сила, пишува „Ел Паис“.

Пожарникарите протестираа поради продолженото работно време, недоволната екипираност и недостигот на соодветна опрема и обука. Условите што ги имаат, како што тврдат, не само што ги загрозуваат нивните животи, туку и ја попречуваат „нивната способност да ја заштитат заедницата на која и служат“.