Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

(Видео) Речиси 3.000 згради во Киев без струја и греење – Кличко ги повика жителите привремено да заминат од градот

/

пред 276 дена

Сподели преку :

Половина од речиси 6.000 станбени згради во Киев моментно се без греење по масовниот руски напад во кој беше тешко оштетена клучна инфраструктура во главниот град на Украина. Според „Украинска правда“, престолнината се соочува и со прекин во водоснабдувањето.

„Комуналните работници ги споија јавните објекти, особено болниците и породилиштата, со мобилни котларници. Заедно со енергетичарите работат за враќање на струјата и греењето во домовите на жителите на Киев. Градските служби работат во вонредни услови. За жал, временските прогнозиза наредните денови се тешки. Апелирам во жителите на Киев кои имаат можност, привремено да го напуштат градот и да отидат некаде каде постојат алтернативни извори на струја и топлина“, порача градоначалникот, Виталиј Кличко.

Рускиот напад почна во вечерните часови на 8 јануари, кога во Киев се слушнале експлозии предизвикани од дронови. Во квартот Деснијански, беспилотно летало погоди покрив на станбена зграда. Досега се потврдени четири жртви во рускиот напад на Киев. До утрово над половина милион луѓе во Киев и околината останаа без струја.