Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

(ВИДЕО) Русија потврди дека во напад на украинските сили погоден е десантниот брод „Новочеркаск“

/

пред 1037 дена

Сподели преку :

Русија официјално потврди дека нејзиниот амфибиски јуришен брод „Новочеркаск“бил погоден од Украина во Црното Море.

Руското Министерство за одбрана информираше дека украинскиот напад бил изведен со крстосувачки ракети, лансирани од авион.

Москва, исто така, извести за едно жртва и две ранети во украинскиот напад врз пристанишниот град Феодосија на полуостровот Крим, анектиран во 2014 година.

Претходно денеска украинските воздухопловни сили соопштија дека уништиле брод на руската морнарица во Црното Море за кој се верува дека превезувал беспилотни летала Шахед од иранско производство, кои Русија интензивно ги користи во нападите врз Украина.