Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

(видео) СДСМ ја повика Антикорупциска да постапи за скандалот со тендерите во министерството на Андоновски

/

пред 590 дена

Сподели преку :

СДСМ јавно ја повикува Државната комисија за спречување на корупцијата да постапи за скандалот со тендрите во Министерството за дигитална трансформација.

Сите докази и документи СДСМ јавно ги објави. Бараме итно постапување од ДКСК по овој случај кој мора целосно да биде расчистен.

  • Министерот Стефан Андоновски на прес-конференција го призна скандалот со тендерите во неговото министерство.  Но, наместо да понесе одговорност, да се извини и да поднесе оставка, тој дрско ги бранеше договорите за тендери кои завршиле кај сопругот на Државната секретарка Клинчарова, рече Богданка Кузеска, портпаролката на СДСМ на денешната прес- конференција.

Според СДСМ ова претставува јасен случај на конфликт на интереси, непотизам и основан сомнеж за корупција, кои се впрочем одлики на ДПМНЕ!