Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

(Видео) Се судрија два авиона на аеромитинг, еден од пилотите загина – тешка несреќа во Португалија

/

пред 872 дена

Сподели преку :

Најмалку едно лице загина, а најмалку едно е повредено во стравична несреќа по судир на два авиона за време на аеромитингот Беја Ер Шоу во Португалија. Несреќата се случи додека пилотите изведуваа маневарски вежби.

Според првичните информации, еден од авионите „закачил“ друг за време на лет, што доведе до пад на двете летала. На местото на несреќата веднаш пристигнаа спасувачки екипи за да дадат прва помош и да го обезбедат подрачјето.

Двата авиона кои учествуваа во несреќата беа дел од шестчлениот шпанско-португалски тим Јакстарс. Тимот леташе како дел од планирана изложба на Беја Ер Шоу во јужна Португалија и демонстрираше „воздушни изведби од светска класа“ и ретки воздушни акробации.