Седум полицајци и еден искусен ловец мораа да интервенираат за да отстранат алигатор долг 4,2 метри и тежок над 270 килограми кој блокира автопат во Флорида.
На снимките на социјалните мрежи е прикажан големиот напор на осумте мажи за скротување на алигаторот кого успеваат да го кренат и сместат во камионет.











