Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

(Видео) Седум загинати, 711 повредени, десетици заробени под урнатини – првичен биланс од земјотресот во Тајван

/

пред 928 дена

Сподели преку :

Седум загинати, 711 повредени и десетици заробени под урнатините. Ова е првичниот биланс на жртвите од разорниот земјотрес со јачина од 7,4 степени според Рихтеровата скала што утрово го погоди Тајван.

Најсилниот земјотрес во Тајван во последните 25 години урна многу станбени објекти, мостови, а предизвика и свлечишта. Ширум островот се прекини во снабдувањето со електрична енергија и интернет.

Според првичните информации, земјотресот се случил околу 8 часот по локално време, а епицентарот бил на околу 25 километри од округот Хуалиен во источниот дел на островот, пренесува „Гардијан“.

Регистрирани се најмалку две згради кои се делумно урнати од потресот во Хуалиен, најблискиот град до епицентарот на земјотресот, кои како што се гледа на снимките од местата се потпрени под несигурни агли.

Повеќе околни држави во Кинеското и Јужното Море вклучија аларм за можно цунами.