Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

(Видео) Судири со полицијата, приведени 13 луѓе во Тел Авив – протести во Израел против војната со Иран

/

пред 193 дена

Сподели преку :

Преку 1.000 израелски демонстранти се собраа вечерва во Тел Авив и во други градови во Израел на кои изразија противење на војната на Блискиот Исток. На неодобрените протести дојде и до судир со полицијата која се обидуваше да ги растера, пишува „Франс24“.

Протести против војната во Иран што ја почнаа САД и Израел на 28 февруари се одржуваат секоја недела во Тел Авив и во другите поголеми градови.

На почетокот се собираа по десетина луѓе, но како одминува времето, нивниот број расте, иако е далеку од масовноста на ланскиот протест против војната во Газа,кога на улиците на Тел Авив излегоа десетици илијади луѓе.

Снимки на АФП покажувааткако полициски службеници се обидуваат да отстранат демонстранти во Тел Авив, слично како и во Хаифа на северот на земјата.

Новинарите на АФП известуваат дека полицајци насилно туркале некои демонстранти, пришто некои биле соборени и на земја. Според АФП, приведени се најмалку четири лица.

Според безбедносните насоки кои се на сила во Израел, забрането се собири на јавни места на повеќе од 50 луѓе, бидејќи земјата секојдневно се сочува со напади со проектили и дронови од Иран и Либан. Портпаролот на една од организациските групи потврди за АФП дека протестот не бил одобрен.

Полицијата соопшти дека во Тел Авив се приведени 13 луѓе, а пет во Хаифа, каде „демонстрантите блокирале улица и не се придржувале кон насоките на службените лица“.