Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

(Видео) Тешка сообраќајна несреќа кај Плетвар во која животот го загуби едно лице – целосно блокиран сообраќајот

/

пред 99 дена

Сподели преку :

Тешка сообраќајна несреќа на Плетвар во непосредна близина на ресторан „Че“, во која според првичните неофицијални информации има човечка жртва.

Станува збор за шоферот на камионот-кипер кој превезувал песок и од засега непознати причини се излизгал на патот и се превртел.

Поради трагичната несреќа, целосно е блокиран е сообраќајот на патот. Километарска колона возила чекаат на патот а возила има и по тунелите на Дреновска клисура. Засега не се знае кога ќе почне да се пропуштаат возилата.

Полициски екипи вршат увид на местото на несреќата и засега не се знае уште колку долго ќе биде блокиран сообраќајот на овој пат, кој ги поврзува Прилеп и Битола.

„Денеска (26.06.2026) во 17.44 час во СВР Битола било пријавено дека на патниот правец Прилеп -Градско, превој Плетвар во близина на село Ореовец товарно моторно возило излетало од патот при што едно лице починало. Увидот е во тек“, соопштија од СВР Битола.