Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

(Видео) Тетовец фатен како истура вреќи со отпад во Пена

/

пред 95 дена

Сподели преку :

 Полициски службеници од СВР Тетово го лишија од слобода Б.С. (54) од Тетово, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „загадување на животната средина и природата“ казниво по член 218 од КЗ.

Апсењето следува откако на социјалните мрежи се објави видео на кое се гледа како лице фрла вреќи со непознат отпаден материјал во реката Пена, во близина на ул. „Видоје Смилевски- Бато“. Лицето доаѓа со патничко возило „цитроен“ со тетовски регистарски ознаки, .

СВР Тетово презеде соодветни мерки и активности и го пронајде сторителот, кој во службен разговор го призна делото

Известен е јавен обвинител и по целосно документирање на случајот, против Б.С. ќе биде поднесен соодветен поднесок.