Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

Видео: Тројца убиени, 15 повредени во руски напади со дронови врз Харков

/

пред 324 дена

Сподели преку :

Најмалку три лица се убиени во тешки руски напади со дронови врз украински Харков, соопштија властите во североисточниот град доцна синоќа.

Уште 15 лица се повредени, напиша градоначалникот на Харков, Игор Терехов, на Телеграм.

Дванаесет лица беа повредени, вклучувајќи две деца на возраст од 11 и 12 години, изјави регионалниот гувернер Олех Синихубов.

Пријавени се петнаесет напади во шест области на градот во североисточна Украина. Харков е оддалечен 30 километри од руската граница. Градот добро се држеше во првите недели од руската инвазија, но оттогаш е цел на секојдневни напади врз инфраструктурата и станбените области.

Во јужниот регион Дњепропетровск, во градот Марханец, две лица беа убиени во руски напади, објави гувернерот на тој регион.