Уникатна и хармонична изведба на сценската кантата „Кармина Бурана“ од Карл Орф.
Вака публиката која синоќа дојде во Националниот дворец на културата во Софија, го оцени заедничкиот настап на Македонската, Софиската филхармонија и Симфонискиот оркестар од Солун.
Настанот го иницира бугарскиот диригент Најден Тодоров, како гест на културна соработка во регионот.











