Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

(Видео)Загинаа 69 лица во земјотрес со јачина 6,9 степени на Филипините

/

пред 379 дена

Сподели преку :

Загинаа 69 лица во траорен земјотрес кој го погоди централниот дел на Филипините, поточно градот Бого и околните населени места. Јачината на земјотресот изнесувала 6,9 степени според Рихтерова скала и предизвикала значителни штети.

Спасувачите се уште бараат преживеани во урнатите куќи и други оштетени згради во централниот дел на Филипините. Погодени се и околните рурални градови во покраината Себу.

Земјотресот е еден од најсилните што го погодија овој регион за повеќе од една деценија. Се очекува бројот на жртви од земјотресот да се зголеми. Спорадичните дождови и оштетените мостови и патишта дополнително го попречуваат спасувањето на човечки животи, велат официјалните лица.

Т.Д.