Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

(Видео) Антикорупцискиот тим на СДСМ објави нова бомба – 51 тендер и 16 милиони евра за омилена фирма на ВМРО-ДПМНЕ

/

пред 279 дена

Сподели преку :

Антикорупцискиот тим на СДСМ денеска објавува нова бомба за сомнителни тендери.

„Стаува збор за „Пирамид билдинг солушнс“. Фаворит, за добивање тендери по општините под контрола на ВМРО. Од 2022 година, периодот од минатите локални избори до денеска, оваа фирма во општините под контрола на ВМРО има добиено 51 тендер, вредни 16 милиони евра“, велат од СДСМ.

Само од Општина Аердором оваа омилена фрима има добиено 22 тендери. Од Гази Баба 10, но и од Ѓорче Петров, Прилеп, Битола, Гевгелија, односно секаде каде градоначалниците се од ВМРО-ДПМНЕ.

„Веднаш по седнување на Орце Ѓорѓиевски во фотељата, оваа омилена фирма на власта добива тендер вреден 320.000 евра“, велат од СДСМ.

Свиркачите коишто ги доставиле информациите преку дигиталната платформа МИЦКО.мк наведуваат дека брачни другари на високи финкционери во ВМРО-ДПМНЕ биле дури и на платен список на оваа компанија преку договори за дело.