Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

(видео)Две млади срнички пресретнати на Шар планина – препорака при ваква средба не го допирајте животното

/

пред 100 дена

Сподели преку :

Вработените во Националниот пакр „Шар Планина“ при теренска обиколка забележале две мали срнчиња. Средбата била кратка, а вработените претпоставуваат дека срчињата ја барале нивната мајка.
– Станува збор за многу млади срни, стари најверојатно само неколку недели, што може да се забележи по нивните карактеристични бели дамки. Иако нивното однесување понекогаш може да изгледа збунувачки, младенчињата најчесто не се напуштени. Мајката обично се наоѓа во близина и периодично се враќа да ги дои и заштити, објавија на Фејсбук од НП „Шар планина“.
🌿 Ова е и важна порака до сите посетители на планината: кога ќе наидете на младенче од диво животно, најголемата помош што можете да му ја дадете е да му обезбедите мир. Не го допирајте, не го преместувајте и не го носете со себе.