Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

(Видео) Големи поплави во преспанскиот регион – ЦУК алармира за можно излевање на Голема Река

/

пред 329 дена

Сподели преку :

Фотографии од големи поплави во преспанскиот регион и околу Преспанското Езеро. Од Центарот за управување со кризи (ЦУК) соопштија дека се регистрирани излевање на реки во селата Царев Двор и Дрмени и дека во нив има и поплавени куќи.

ЦУК алармира дека постои можност за излевање и на Голема Река во преспанско. Од УХМР велат дека во изминатото деноноќие најмногу врнежи се измерени во Претор (66 л./м²).

Поради интензивните врнежи и огромниот природен прилив на вода, моментално е нарушен и квалитетот на водата во делови од водоводниот систем. Заради безбедноста на граѓаните од ЈКП „Пролетер“ од Ресен соопштија дека водата привремено не се препорачува за пиење.

„Ова е последица на екстремните временски услови, а не на самата мрежа. Нашите екипи се на терен и веднаш по стабилизирањето на природниот притисок и квалитет, водата ќе биде вратена во редовна и безбедна состојба. Ви благодариме на разбирањето. Ќе бидете навремено информирани за секоја промена“, соопштуваат од ЈКП „Пролетер“ Ресен.

РЦУК Ресен: Поплавени над 50 куќи по излевање на Болнска и Источка река