Српскиот музичар Ѓорѓе Давид, кој минатииот викенд со автомобил усмрти жена на автопатот кај Табановце не ја напуштил Македонија. Тој се обрати на социјалните мрежи и вели дека документите му се наоѓаат во Јавното обвинителство во Куманово.
- Јас не сум ги добил своите документи, не сум ја напуштил Македонија. Моите документи се во Јавното обвинителство Куманово. Мене тоа ми прави проблем и предизвикува омраза кај овие луѓе кои мислат дека јас ви барам да го пишувате тоа. Ми ја отежнувате ситуацијата, ми правите пекол од животот. Кога ќе ги имам документите и кога ќе ја преминам границата, јас прв ќе се јавам, вели за медиумот „Светски радио“ во видео објавено на Јутјуб, српскиот музичар Ѓорѓе Давид.
Ѓорѓе Давид се врати во Србија – последен пат во Кумановскиот суд се јавил во петокот











