Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

(видео)Хидроцентралата Чебрен која ќе ја гради грчка компанија ќе чини околи една милјарда евра

/

пред 1125 дена

Сподели преку :

Владата донесе одлука за издавање на концесија за користење на води за производство на електрична енергија и оглас за најповолна понуда за изградба на хидроцентралата Чебрен, а за најдобра е избрана на понудувачот „PUBLIC POWER CORPORATION“ грчка компанија која учествуваше на јавниот повик и достави тендерска документација.

Како што информираат од ЕСМ, изградбата на Чебрен ќе чини околу една милијарда евра и од неа се очекува да се произведуваат најмалку 333 мегавати електрична енергија.

По завршување на проектирањето, и обезбедувањето на потребните документи се очекува да се почне со градба која е предвидена да трае седум години.

Новата хидроцентрала покрај производство на електрична енергија, ќе има и режим на пумпање и враќање на водата назад со што на Црна Река предвидено е создавање ново вештачко езеро, кое ќе биде најголемо во нашата држава.

Да потсетиме дека идејата и проектирањето за големиот хидроенергетскиот проект Чебрен започнува со првите физибилити студии во 60-тите години. Според Информацијата од Министерството за животна средина и просторно планирање, се започнати уште од 1964 година, со тоа што во 1986 се склучени договори за изработка на инвестициско-техничка документација за ХЕ Чебрен. Последниот јавен повик, пред тековниот, е објавен во 2016 година. Досега имало 13 неуспешни тендери во период од последните 20 години. Постојниот Јавен повик е четиринаесетти обид за доделување концесија на Црна Река.

После повеќе од 3 децении, донесена одлука со која се предвидува реализација на хидроцентралата Чебрен