Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

(видео)МВР: Пронајдени и санкционирани лицата што дивееја со возило по Партизанска

/

пред 380 дена

Сподели преку :

Во врска со објавената снимка на социјалните мрежи на 30.09.2025 година на бул.” Партизански Одреди” во Скопје на која гледа како се движи патничко возило голф со скопски регистарски ознаки при што на кровот од возилото се превезува лице кое ја загрозува сопствената безбедност и безбедноста на другите учесници во сообраќајот, од страна на полициски службеници од СВР Скопје пронајдено е возилото, лицето кое го управувало С.Ф. и лицето кое се превезува на кровот од возилото А.И., соопшти МВР.

За А.И. преземена е мерка по чл.165 став 2 од Законот за безбедност на патиштата.

По извршената проверка утврдено било дека С.Ф го управувал возилото со измината важност на сообраќајната дозвола и за истото преземена е мерка по чл.26 став 10 од Законот за возила.