По пет ипол часа на распит Артан Груби беше спроведен од страна на затворските полицајци од излезот на обвинителството во гаражата на МНТ и е префрлен во Кривичниот суд во Скопје каде продолжуваат правните процедури. При неговото појавување тој не одговори на ниедно новинарско прашање.
Утрово тој беше приведен на граничниот премин Блаце, каде границата ја преминал пеш. Поранешниот вицепремиер Груби беше во бегство повеќе од 14 месеци, а пред да замине рече дека ќе се врати.











