Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

(Видео)Пожар во хотел во Будимпешта: Има загинати и тешко повредени

/

пред 236 дена

Сподели преку :

Голем пожар што избувнал во раните утрински часови во работнички хостел во Будакеси, западно од Будимпешта, однесе повеќе човечки животи, а над 20 луѓе се повредени откако пламените јазици го зафатиле покривот на двокатна зграда.

Пожарот избувнал во 2:15 часот по полноќ денеска , во хостелот „Спорт“ на улицата Жичи Петер, кој бил користен за сместување работници. Надлежните веруваат дека експлозија на плинска боца можеби го предизвикала пожарот.

Покривната конструкција целосно изгорела, а објектот неколкупати повторно се запалувал и откако пожарникарите почнале со гаснење, што значително ги отежнало спасувачките напори.

Надлежните предупредиле дека можно е да има уште жртви бидејќи првично неколкумина биле пријавени како исчезнати.

Во тек е истрага за утврдување на точната причина за пожарот.