Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

(Видео)Спречена девојка која се обидувала да скокне од прозорец на мотел во Тетово

/

пред 452 дена

Сподели преку :

Во текот на попладневните часови млада девојка се обидувала да скокне од прозорец на мотел во Тетово. Истата била спречена од полициски службеници.

„Денес, во 14.35 по претходна пријава од Л.К., дека по недоразбирање со женско лице кое не сака да го напушти мотелот, од страна на полициските службеници од СВР Тетово на лице место било констатирано дека женско лице стоело на работ на прозорот од собата на хотелот со закана дека ќе скокне или ќе се самоповреди со остар предмет кој го држела во раката. По наредба на јавен обвинител полициските службеници насилно ја отвориле вратата на собата и ја спречиле девојката во својата намера“ стои во соопштението на СВР Тетово.

Девојката е пренесена во Клиничката болница во Тетово, додека во исто време е лишено од слобода лицето Л.К. под сомнение за посредување на проституција. Дополнително при спасување на девојката еден полициски службеник е полесно повреден.

https://www.youtube.com/watch?v=7y6rq2USSus