Во Кочани вечерва се одржа четвртата работилница на кампањата ,,Крени глас” во која учествуваат родители, настаници и претставници на општините од Кочани, Виница и Берово.
Деспина Стојановска психолог и стручен соработник во кампњата против врсничкото насилство вели дека ова е втора фаза од кампањата, која е подржана од општествено одговорната компанија Макпетрол и има за цел да се разговора на оваа тема од афирмативен аспект за да се изгради емпатија и да се јакне другарството и соработката меѓу младите.











