Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

Влада: Се замрзнуваат платите на избраните и именувани лица, почнува исплатата на К15 за администрацијата

/

пред 682 дена

Сподели преку :

Нема да растат платите на избраните и именувани лица, судиите, членовите на Судскиот совет и јавните обвинители. Ова е една од одлуките што се донесени на денешната владина седница.

Премиерот Христијан Мицкоски преку објава на Фејсбук соопшти дека платите на овие лица ќе бидат замрзнати преку интервенција на коефициентите за пресметка на плати. За таа цел задолжени се Министерство за економија и труд и Министерство за правда да достават измени и дополнувања на законите со што ќе се изврши намалување на утврдените коефициенти за пресметка на платите.

„Актуелните законски решенија предвидуваат пораст на платите на избраните и именуваните лица, но Владата со цел да го заштити јавниот интерес и да нема дополнителни фискални импликации врз Буџетот донесе одлука со која ќе се направи измена и дополнување на законите каде нема да се загрози и влоши состојбата на избраните и именувани лица. Односно ветивме дека едно е сигурно и тоа го исполнуваме зголемување на платите на избраните и именуваните лица нема да има. Со ова замрзнување го намалуваме тој процент од година во година, се со цел да дојдеме до процент еднаков на нула“, објави портпаролката на Владата, Марија Митева.

На денешната владина седница донесена е и одлука да почне исплатата на К15 за сите вработени во администрацијата за што се обезбедени околу една милијарда денари во билансот на буџетот.

Донесена е и одлука со која им се препорачува на сите органи на државната управа да не вршат исплата на 13-та плата со цел да не се предизвикаат дополнителни фискални импликации врз Буџетот.