Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

Владата да сакаше дијалог, немаше да бидеме на улица – трет ден протест на државната администрација

/

пред 644 дена

Сподели преку :

Протестите на УПОЗ во седум министерства и два државни органа влегуваат во третиот ден. Денеска, од пред зградата на Државниот завод за статистика (ДЗС), потсетија дека предлог колективните договори кои беа испратени до министерството за финансии пред формирање на Буџетот за 2025 година беа изработени со поддршка на ресорните министри. Од Синдикатот, кој вчера се огради од поддршката на опозицијата, побараа Владата да престане преку соопштенија да обвинува и да го реши проблемот со вработените кои се во нерамноправен однос со другите државни службеници и нагласија дека овие прашања вооопшто не може да се дискутираат на седниците на Економско социјалниот совет.

И по истекот на законскиот рок околу 1.000 вработени во сите инспекторати не добиле плата. Овој проблем денеска го истакнаа и од УПОЗ, но и од независниот синдикат на државната администрација.

Претседателот на УПОЗ нагласи дека станува збор за протест, а не за штрајк како што тврдат од Владата и потврди дека во некои министерства имало притисок врз вработените да не го поддржат протестот, но не откри во кои.

Денеска членовите на УПОЗ ќе имаат состанок на кој ќе се донесе одлука во која насока ќе се движат протестите во наредниот период.

Протестите почнаа бидејќи Финансии не дозволи потпишување на нови колективни договори со кои вработените ќе добијат додаток од 30 отсто на плата. Се протестира пред министерствата за култура, економија, шумарство, транспорт, правда, животна средина и дигитална трансформација, како и пред ДЗС и државниот Архив.

Огнен Чанчаревиќ