Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

Владата денес со отчет за првата година од работењето

/

пред 483 дена

Сподели преку :

Владините претставници вечерва ќе дадат отчет за сработеното во првата година од владеењето. Најавено е дека ќе бидат презентирани клучните успеси и предизвици со кои се соочи владиниот состав за една година владеење.

Премиерот Христијан Мицкоски на својот Фејсбук профил истакна дека за една година Владата успеала да покачи пензии и плати, да изгради нови патишта, да привлече над 1,2 милијарди евра странски инвестиции и да вработи 1.000 нови полициски службеници.

Премиерот нагласи дека учебната 2024/2025 година почнала со навремено испорачани учебници. Се пофали и дека за наука во 2025 година се обезбедени 680 милиони денари, што е двојно повеќе во однос на претходната година.

Владата е формирана на 23 јуни 2024 година со 77 гласа „за“… Коалицијата ја сочинуваат ВМРО-ДПМНЕ, партиите од коалицијата Вреди и ЗНАМ. Во Владата има 20 министерства, а во нејзиниот состав се 24 министри и вицепремиери, од кои само три се жени.