Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

Владата денеска ќе го разгледува буџетот за следната година

/

пред 728 дена

Сподели преку :

Буџетот за наредната година денеска ќе се најде пред Владата.

Министерката за финансии Гордана Димитриска – Кочоска најави дека тој ќе биде развоен со фокус на инвестициите, запазена социјална компонента, а капиталните расходи се проектирани на 44 милијарди денари или 712 милиони евра.

Растот на БДП и буџетскиот дефицит се поставени со Фискалната стратегија и изнесуваат 3,7 проценти раст и 4 проценти дефицит.

Во однос на јавниот долг министерката Димитриеска – Кочоска посочи дека на крајот на годината  ќе биде најверојатно на ниво од 64%, но тоа ќе зависи од реализацијата на крајот на годината, односно обврските кои ќе бидат доставени за исплата.

Околу инвестициите таа се осврна и на Коридорите 8 и 10Д за кои кажа дека очекува поголема активност и степен на реализација.

Во однос на платите министерката за финансии соопшти дека раст ќе има во образованието и здравството, а во однос на минималната плата наведе дека таа треба да биде врзана со продуктивноста.