Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

Владата денеска ќе одлучува за кризна состојба во енергетиката

/

пред 295 дена

Сподели преку :

На денешната владина седница ќе се разгледува барањето на ЕСМ за прогласување на кризна состојба на пазарот со електрична енергија, со што ќе се овозможи користење на државните резерви на мазут. Во резервите има над 10.000 тони мазут, кои ќе се користат за непречено производство на електрична енергија.

Причина за ваквата мерка се потешкотиите во набавката на мазут од Грција, предизвикани од повеќенеделните протести на земјоделците. Според надлежните, блокадите траат повеќе од 50 дена, што го отежнува транспортот на енергенсот.

Министерката за енергетика Сања Божиновска уверува дека граѓаните нема да почувствуваат никакви последици и дека нема да има рестрикции на електрична енергија. Како што посочи, прогласувањето кризна состојба е техничка мерка со која државните резерви ќе го поддржат ЕСМ до нормализирање на состојбата.