Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

Владата денеска треба да даде зелено светло за замрзнување на цените

/

пред 1111 дена

Сподели преку :

Анализите се готови, предлозите на Државниот завод за статистика прифатени, а владата денеска треба да даде зелено светло за 25 категории храна кои ќе бидат со замрзнати цени, пониски за 10 отсто од цената по која се продавале на први август. 50 производи и стотици артикли од среда треба да се најдат на рафтовите со црвена етикета на која стои  „Гарантирана цена“.

Ова е предлог мерката која трговците доколку се усвои ќе треба да ја почитуваат до крајот на ноември, во спротивно ќе следат драконски казни и клуч на маркетите.

По реакциите во јавноста министерот Бектеши со дообјаснување, акции и промоции ќе се дозволат, но не и на производи на кои наскоро им истекува рокот. Најави дека преговорите ќе продолжат и со трговците со алкохол, други пијалоци и хигиенски производи, кои во наредниот период би потпаднале под истата мерка како и храната.

При крај се и промените со кој Пазарениот инспекторат ќе добие правна можност да става клуч на маркетите кои не ги почитуваат владините мерки.