Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

Владата ги повлече од Собрание четирите  предлог-закони за стратешки инвестициски проекти

/

пред 958 дена

Сподели преку :

Како што дознава Телма од владини извори на денешната владина седница донесена е одлука четирите  предлог закони за стратешки инвестициски проекти да се повлечат од Собрание.

Телма веќе информираше дека во четвртокот (22.02.2023) стратешките закони иако беа ставени на дневниот ред во Собранието, комисиската расправа беше одложена без да се прецизира кога продолжува.

За овие стратешки инвестиции изминатиот период имаше низа реакции во јавноста особено за Митилинеос кој треба да гради централа во Железара. За овој проект и министерот за економија на последните две владини седници бара повлекување на прелог законот и нови преговори со инвеститорот.

Битиќи контра министерот за економија кој ќе бара повлекување на предлог-законот за централата во Железара што треба да ја гради грчки Митилинеос

Претходно и дел од експертите реагираа дека со предлог законот за Митилинеос , грчкиот инвеститор ќе се богати, а државата ќе трпи огромни штети.

Владата одлучува дали ќе се повлече предлог законот за грчки Митилинеос кој треба да гради централа во Железара