Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

Предлогот на владата за разрешување на Коцевски стигна во Собранието

/

пред 308 дена

Сподели преку :

Владата ја продолжи постапката за разрешување на државниот обвинител Љупчо Коцевски, иако Советот на јавни обвинители претходно даде негативно мислење.

Предлогот стигна во Собранието, кое ќе ја донесе конечната одлука. Причините се исти како во февруари, кога постапката беше стопирана поради истрагата за трагедијата во Кочани.

Според подносителите, Коцевски сторил сериозни пропусти, меѓу кои неовластено изнесување информации и нарушување на угледот и функционалноста на Обвинителството.

Коцевски возврати дека Советот утврдил дека не сторил тешка дисциплинска повреда, што е услов за разрешување.

Меѓувреме, против Коцевски беше изгласана и интерпелација без правно дејство, а ЕУ во извештаите предупреди на ризик од политизација и неодмерено политичко влијание врз правосудството.

Политичка одлука без аргумент- Обвинителот Коцевски за новиот владин обид за негово разрешување во Собранието

Б.С.