Владата на денешната седница ја разгледа и усвои информација за преземените активности за раскинување на Договорот за закуп на административно – деловен простор склучен помеѓу ХЕЈ ДООЕЛ Скопје и Акционерското друштво за приредување игри на среќа, Државна лотарија на Република Северна Македонија.
- Овој договор кој е склучен за време на минатата влада предизвика силни контроверзни и нереални високи суми при што се споменуваа и одредени лукративни интереси. Договорот е во износ од 2.26 милиони евра во период од неколку години, соопштуваат од Владата.
Зградата во близина на Визбегово – порано служеше за свадби, сега е изнајмена од Државна лотарија за голема сума. Има четири ката и поткровје, се наоѓа на 7 километри од центарот на Скопје.
Фирмата Хеј ДООЕЛ го купила земјиштето и објектот, по што склучиле договор за закуп со лотарија за 2,6 милиони евра.
Зделката дополнително е потврдена за сомнителна, откако финансиската полиција отвори предистрага и според сознанија на Телма одзела документација од лотаријата за да истражи дали има нерегуларности.
Но, фирмата „Хеј“ поврзува повеќе функционери и блиски роднини на политичари од ДУИ.
„Џек-пот“ во Визбегово – Лотарија дава 2,6 милиони евра за кирија на фирма на син на пратеник на ДУИ











