Американската влада останува под блокада. Ниту третиот ден не беа усвоени предлог законите за финансирање во Сенатот кои успеаја да го минат прагот од 60 гласови, откако ниту еден сенатор не промени став во однос на претходните денови, пренесува Гардијан.
Тројца членови на демократската пратеничка група се изјаснија позитивно за законот за буџет што го предложија репоубликанците на гласањето во вторникот, во средата и денеска, а се смета дека се потребно уште најмалку пет за негово усвојување. Ниту еден републиканец, пак, не гласаше за законот што го понудија демократите. Администрацијата на претседателот Доналд Трамп се заканува со натамошно намалување на федералните работи и откажување на финансирање на низ проекти.
Федералната влада на САД официјално ја запре работата на 1 октомври, што е прв таков случај од 2019 година, откако Конгресот не успеа да усвои мерка за финансирање која е неопходна за продолжување на функционирањето, јавува „Си-Ен-Ен“.
Прекинот на работата на владата значи отпуштање на стотици илјади федерални службеници. Оние, пак, кои се сметаатза неопходни, ќе продолжатда работат без плата до завршување на блокадата. Вработените, пак, чии работни позиции не се врзани за годишните издвојувања. ќе продолжат да примаат плата.











