Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

Владата смета дека Клиничката болница во Скопје треба да се гради на платото пред базенот „Борис Трајковски“, но земјиштето е приватно

/

пред 119 дена

Сподели преку :

Владата останува на ставот дека новиот клиничкиот центар во Скопје треба да се гради во близина на базенот кај Спортскиот центар „Борис Трајковски“ и подземно да се поврзе со Градската болница „8 Септември“ – рече на денешниот брифинг премиерот Христијан Мицкоски, додавајќи дека според Владата, ова е најдоброто решение.

  • „Дефинитивно остануваме на ставот дека Клиничката болница во Скопје треба да се гради на платото пред базенот „Борис Трајковски“. Тоа е земјиште кое е во приватна сопственост. Преговараме со приватниот сопственик и сакаме тука да го направиме сето тоа да може со подземен тунел да се поврзе со актуелната болница ‘8 Септември’. Тука ни се ПЕТ-центарот и Поликлиниката ‘Букурешт’ и тоа ќе биде еден целосен заокружен комплекс“, рече премиерот. 

Земјиштето на кое би требало да се гради новиот клинички центар, како што рече Мицкоски, е приватно, а Владата во моментов е во преговори со сопственикот на парцелата. Се преговара да се направи трампа земја за земја. Премиерот вели дека засега е задоволен како течат преговорите по однос на ова прашање.

Ќе почека изградбата на нов Клинички центар – надлежните размислуваат градската болница „8 Септември“да стане регионален болнички центар