Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

Владејачката ВМРО-ДПМНЕ ќе предложи нови кадровски решенија по одлуката на Таравари

/

пред 518 дена

Сподели преку :

Премиерот и лидер на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, ќе предложи нови кадровски решенија за позициите што досега ѝ припаѓаа на Алијансата за Албанците, по одлуката на Арбен Таравари да ја напушти владината коалиција, соопштија од партијата по денешната седница на Извршниот комитет.

Овој чекор на Таравари беше оценет како уште еден доказ дека групата заштитници на криминалот и корупцијата добива нови редови. „Уште една маска падна, уште една илузија беше разоткриена“, се наведува во партиското соопштение.

Од ВМРО-ДПМНЕ ги изедначија СДСМ и крилото на Алијансата за Албанците предводено од Таравари, велејќи дека се продолжена рака на ДУИ.

Претходно, од Владата негираа дека се разговарало за пополнување на испразнетите места што досега ги имаше крилото на Алијанса за Албанците на Арбен Таравари. Но, потврдија дека нема да има завршна средба меѓу премиерот и Таравари, иако претходно таква средба најави Мицкоски.

Нема кафе за „збогум“ – „Вреди“ го посакуваат Образование, Здравство оди кај ВМРО ДПМНЕ?