Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

Владимир Милчин: Идеологијата на денешницата е варваризам

/

пред 326 дена

Сподели преку :

Идеологијата на денешницата е варваризам, вели режисерот Владимир Милчин, во пресрет на вечерашната премиера  на претставата „ Варвари“,  на големата сцена на Македонскиот народен театар. Милчин за прв пат во историјата на македонскиот театар го поставува драмскиот текст „ Варвари“, од рускиот автор Максим Горки, напишан 1906 година. Во него се препознаваат бројни социјални и етички конфликти , својствени и за актуелната стварност. Во претставата настапуваат 23 актери, кои го прават спојот на искуството и младост на МНТ. Сценограф е Беди Ибрахим, а костимограф – Марија Пупучевска.

  • Светот во кој ние живееме се повеќе личи на она што Горки го видел во „ Варвари“. Ние живееме во нешто што всушност, идеологијата на денешницата е варваризам. Сите други се всушност само некаква чудна обланда , така колку да прикрие, рече Владимир Милчин, режисер на претставата.
  • Тука се разликуваме јас и Черкун. Моралот и етиката кај него се на прво место. Јас се трудам да бидам таков во животот. Не секогаш сум успевал. А, тој еве успева некако.Тука му се восхитувам, ама лесно е на хартија тоа да се напише. Во животот е малку потешко, вели Тони Михајловски, за ликот на Јегор Петрович Черкун.
  • Надежда е жена која што за разлика од сите овие луѓе кои што се препелкаат во калта, таа успева да ја види светлината. И успева да има надеж, рече Верица Недеска, актерка, за  улогата на Надежда Монахова.
  • За секого некој овде е варварин или уривач. Така што мислам дека е многу интересна драма, со многу перспективи -што е тоа варваризам. Мислам дека тоа е прашањето на драмата. Не мислам дека има одговор, овие или оние, кажа Дамјан Цветановски, актер, во улогата на студентот Лукин.