Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

Владината коалиција во Германија се растури- Шолц го отпушти министерот за финансии кој бараше намалување и на даноци и на социјални субвенции

/

пред 697 дена

Сподели преку :

Германскиот канцелар Олаф Шолц го разреши министерот за финансии и лидерот на германските либерали Кристијан Линднер, со што владеачката трипартиска коалиција остана без мнозинство во германскиот парламент- Бундестагот.

Со потегот, Шолц стави крај на разговорите за изнаоѓање компромис во трипартитната владина коалиција во Германија, која е составена од Социјалдемократите (СПД), Зелените и Либералите (ФДП). “Отпуштениот” Линднер претходно бараше договор за предвремени избори.

Во изјава по состанокот, Шолц рече дека ја изгубил довербата во Линднер кој „не му служел на јавното добро, туку на неговата клиентела и партијата“.

Расцепот во коалицијата почна со долгите натегања за државниот буџет за 2025-та, а претходно партнерите се судрија и со различно ставови за многу стратешки прашања во германската политика.

На министерот за финансии Линднер, му пресуди протечениот документ со негов потпис во кој се бара „економски пресврт со делумно фундаментална ревизија на клучните политички одлуки“. Линднер среде левичарска влада предлагаше намалување на даноци за компаниите, олабавување на  прописите за климатските промени и намалување на субвенциите и социјалните давачки, што со жестоки критики наиде на критиките кај коалиционите партнери, Социјалдемократите и Зелените.

Премиерот Шолц сега предлага гласање во Бундестагот за малцинска влада на средина на јануари, а доколку не добие поддршка би се распишале предвремени избори во март. Единствени погодни за поддршка се демохристијанските партии ЦДУ/ЦСУ, но тоа е речиси неверојатно за очекување поради падот на рејтингот на СДП на европските избори и на неколку покраински изборни процеси на кои ултрадесничарската Алтернатива “измаршира” до рекордни резултати.

Редовните германски избори треба да се одржат во септември наредната година, а со предвремени избори, гласањето би се поместило половина година порано.

Со предвремени избори како шок-терапија за растот на крајната десница се обиде да делува Макрон, но француското сценарио и коцкањето на францускиот претседател не му донесе добивка иако француските гласачи во вториот изборен круг ја спречија можната победа на крајната десница.

Распадот на германската влада се случи неколку часови по победата на Трамп во САД која што ја честитаа со порака за европско единство Шолц и Макрон.