Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

Властите бараат тестови за мајмунски сипаници

/

пред 1593 дена

Сподели преку :

Во Македонија нема мајмунски сипаници ама здравствениот систем сака да се подготви за нив. Комисијата за заразни болести ќе бара од Светската здравствена организација да и обезбеди тестови за откривање на болеста но и лекарства доколку постојат.

Следење скрининг дијагностика и третман за мајмунските сипаници е главниот предизвик кој комисијата за заразни болести го има пред себе доколку се појави епидемија во земјава. Сепак од таму смируваат дека пандемијата која се јавува во светот со мајмунските сипаници не се шири како што тоа беше случајот со корона вирусот.

Во меѓувреме од комисијата информираат дека ширењето на корона вирусот во земјава е на ниско ниво, а најново е тоа што за на операција на пациентите нема да им требаат ПЦР тестови. Комисијата дала препорака тие да се укинат а на нивно место во здравствените установи да се користат брзи тестови.

Билјана Николовска