Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

ВЛЕН: Шасивари, Ферати и Сулејмани ќе раководат со трите нови министерства

/

пред 94 дена

Сподели преку :

По вечерашната седница на Претседателството на ВЛЕН, донесена е одлука претставници на коалицијата во Владата да бидат личности кои носат нова енергија, одговорност и посветеност во служба на граѓаните, соопштуваат од партијата.

– За министер за правда е предложен универзитетскиот професор Џетон Шасивари, за министер за односи меѓу заедниците е предложен Агон Ферати, додека за министер за култура и туризам е предложен Седат Сулејмани. Во новиот владин состав продолжуваат да ги извршуваат своите функции Беким Сали како прв заменик-претседател на Владата и министер за европски прашања, Бесар Дурмиши како министер за економија и труд, како и Мухамет Хоџа како министер за животна средина и просторно планирање, соопштија од ВЛЕН.