Советот на судии дрско изврши упад во Академијата за судии и јавни обвинители и наместо да назначи судии за членови на УО на Академијата, истиот назначи свој член на таа позиција, реагираат од владеачката партија.
„Оттаму велат дека важно е да се напомене дека Антоанета Димовска, покрај тоа што е именувана функционерка, е сестра и на пратеничката од СДСМ, Снежана Калевска Ванчева. Законот е јасен. Антоанета Димовска не може да биде член на УО на Академијата за судии и јавни обвинители“, вели пратеникот на ВМРО-ДПМНЕ, Миле Лефков.











