ВМРО-ДПМНЕ и Коалицијата планира да има свој кандидат за градоначалник на Кичево. Ова денеска го истакна премиерот и лидер на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски. „Да, ВМРО-ДПМНЕ има план да кандидира свој кандидат за градоначалник на Кичево“, вели Мицкоски.
Тој ги нарече шпекулации претходните информации кои се појавија во јавноста дека партијата нема да има свој кандидат во оваа општина.
Мицкоски смета дека главен инспиратор на тие објави е, како што вели, опозицијата, и тоа онаа опозиција која по 22 години не е веќе во Владата. Јасно алудирајќи на партијата на Али Ахмети – ДУИ.











