Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

ВМРО ДПМНЕ најавуваат протести, Ковачевски обвинува за партиски интереси

/

пред 1602 дена

Сподели преку :

Поцврсти чекори и можни протести најавуваат од ВМРО ДПМНЕ, како дел од планот да предизвикаат предвремени избори. Пратениците остануваат во Собранието, ќе дадат поддршка за ребалансот на буџетот, повисоки плати и субвенции, но ќе продолжат со блокада на законите кои ги сметаат за штетни, вклучително и два од предлозите на СДСМ за избор на уставни судии.Ја оспоруваат Татјана Васиќ Бозаџиева, која е поранешна шефица на кабинетите на министрите за здравство, Тодоров и Филипче, како и Републичкиот јавен обвинител, Љубомир Јовески, кого го сметаат за послушник на Заев. Но, нема да поднесат интерпелација за собранискиот спикер, Талат Џафери, затоа што се свесни дека нема да им успее.

Мицкоски ја повика и меѓународната заедница да реагира за однесувањето на Џафери. Повторно побара од  Ковачевски да се охрабри и да седнат на маса за да договорат датум за предвремени парламентарни избори. Но премиерот повтори дека нема да го стори тоа.

Ковачевски уште еднаш ги повика сите пратеници, да бидат одговорни пред граѓаните, а не пред партиите, затоа што пред нив се важни закони за унапредување на стандардот и излез од економската криза.

Далиборка Дамјанска