Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

ВМРО избра нов портпарол и претседатели на општински комитети

/

пред 141 дена

Сподели преку :

Извршниот комитет на ВМРО-ДПМНЕ на вчерашната седница го именуваше Валентин Манасиевски за нов портпарол на партијата и назначи  нови претседатели на општинските комитети на партијата.

„Дел се нови лица кои ќе внесат свежина во местата од каде што доаѓаат, а другиот дел се актуелни и докажани претседатели кои донесоа големи победи на изминатите изборни циклуси, но и големи позитивни промени во локалните самоуправи“, велат од партијата.

Пратеникот Тони Јаревски е назначен за претседател на ОК Карпош, директорот на Катастарот Иван Живковски за ОК Кисела Вода, градоначалникот Дејан Митески за ОК Аеродром, пратеникот Сергеј Попов за ОК Центар, заменик министерот Ѓоко Велковски за ОК Чаир,градоначачникот Дарко Костовски за ОК Бутел, пратеникот Бојан Стојаноски за ОК Ѓорче Петров, пратеникот Душко Иванов за ОК Штип, пратеникот Александар Велјановски за ОК Тетово, советникот Мартин Андоновски за ОК Гостивар и други.

На истата седница за нов портпарол на партијата е избран Валентин Манасиевски.

Од партијата посочуваат дека Манасиевски е долгогодишен активист, кој политичкиот ангажман го започнал во структурите на Унијата на млади сили на ВМРО-ДПМНЕ. Тој има завршено високо образование на Филозофскиот факултет при УКИМ, а во моментов е магистранд на Универзитетот „Гоце Делчев“ во Штип.