Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

Внука со нож се обидела да ги лиши од живот сопствените баба и дедо во Битола

/

пред 504 дена

Сподели преку :

Во Битола внука се обидела да ги лиши од живот сопствените баба и дедо, нанесувајќи им повеќе убоди со нож. Основното јавно обвинителство Битола информира дека се издадени повеќе наредби и насоки за целосно расчистување на настанот.

Осомничената, според Обвинителство, е лишена од слобода и се постапува за обезбедување докази.

По овластување на јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Битола, екипи на МВР извршија увид на лице место во куќа на улицата „Солунска”, каде според првичните сознанија, внука при вршење семејно насилство се обидела да ги лиши од живот сопствените баба и дедо, нанесувајќи им повеќе убоди со нож. Јавниот обвинител издаде повеќе наредби и насоки за целосно расчистување на настанот, информираат од ЈОРСМ.