Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

Во автобус на „Дурмо турс“ пронајдени 600 куршуми

/

пред 191 дена

Сподели преку :

Царината пронашла околу 600 куршуми во автобус на компанијата „Дурмо турс“, кој сообраќал на релација Италија – Македонија. Претресот бил извршен на граничниот премин Табановце.

Муницијата била пронајдена во внатрешниот дел од вентилацискиот простор каде помеѓу 50 пакувања кафе цариниците пронашле кутија со вкупно 580 парчиња куршуми од кои најголем дел биле со 9 мм калибар.

Муницијата е трајно одземена, а  автобусот е задржан.

Досега  двајца осомничени се лишени од слобода, а Одделението за истраги поднесе кривична пријава до ОЈО Куманово. Од кумановското Обвинителство соопштија дека е  поведена истрага против 2 лица на кои по предлог на обвинителот им се определени мерки на претпазливост.

Истрагата може да се прошири и кон други лица.