Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

Во Белград уапсен хрватски шпион, објавуваат српските медиуми

/

пред 786 дена

Сподели преку :

Рано утринава на подрачјето на Белград, српската Агенција за безбедност и информирање (БИА), во соработка со други надлежни државни органи, спровела контраразузнавачка акција за апсење на хрватски шпион, пишуваат белградски „Новости“.

Според сознанијата на белградскиот медиум, акцијата е резултат на повеќемесечна оперативна работа на БИА и продолжување на сузбивањето на шпионажата и деструктивно-субверзивните активности на хрватската разузнавачка и безбедносна служба СОА.

Инаку, вчера во медиумите во Србија беше лиферувана информација дека лицето (Д.Р.) од Белград, со српските власти потпишал спогодба за признавање вина за сторено дело шпионажа, откако бил фатен дека е ангажиран од Разузнавачката служба (ОС) на Албанија, како и од Агенцијата за разузнавање на Косово, по чии налози собирал информации од безбедносна важност, со што ја помагал работата на овие служби, и создавал нивна разузнавачка мрежа на територијата на Србија.

Министерството за надворешни работи на Хрватска соопшти дека нема сознанија оти таков настан се случил.

Немаме никакви информации за споменатата тема, ниту дека навистина се случил таков настан, соопшти хрватското МНР преку изјава за новинската агенција Хина.