Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

Во Грузија стапи на сила законот што ја крена земјата на нозе: САД ja замрзна својата помош од 95 милиони долари за Грузија поради законот

/

пред 812 дена

Сподели преку :

– САД денеска соопштија дека замрзнуваат повеќе од 95 милиони американски долари помош за Владата на Грузија поради „антидемократски акции“.

Замрзнувањето на средствата е поради неодамнешното усвојување на закон, кој е сличен на репресивно руско законодавство.

– Антидемократските акции и лажните изјави на грузиската Влада се некомпатибилни со нормите за членство во ЕУ и НАТО, истакна американскиот државен секретар Ентони Блинкен.

На 3 јули стапи во сила контроверзниот закон за „странски агенти“, според кој медиумите, невладините и другите непрофитни организации кои добиваат повеќе од 20 отсто од своето финансирање од странство ќе треба да се регистрираат како „агенти на странско влијание“.