На самитот на НАТО во Хаг, кој почнува денеска, се очекува земјите-членки да се обврзат на значително зголемување на трошоците за одбрана – до 5% од БДП. Ова се смета за голема дипломатска победа на американскиот претседател Доналд Трамп, кој одамна бара поголем ангажман од европските сојузници.
Генералниот секретар на НАТО, Марк Руте, предложи нов модел: 3,5% за класични воени потреби и 1,5% за поширока безбедност, инфраструктурна, сајбер одбрана, цивилна заштита.
Германија го поддржува планот, но некои земји како Шпанија и Италија бараат исклучоци или повеќе време. Украина нема да добие конкретни гаранции за членство, што се смета за разочарување за Киев.
Самитот е организиран со кратка агенда, со цел да се задржи вниманието на Трамп, кој е познат по скепса кон мултилатерални формати.











